Централниот бек на Арсенал, Вилијам Салиба е уште еден клучен повреден играч за лондончани. Французинот го пропушти мечот со Астон Вила поради истегнување, а наместо него во центарот на одбраната стартуваше Јуриен Тимбер .
Сепак, сега е јасно дека тој ќе биде надвор од терените околу две недели. Според „Мирор“, Салиба најверојатно нема да игра на три натпревари – двата од Лигата на шампионите, кои се против Динамо Загреб и Жирона , како и гостувањето кај Вулверхемптон во Премиер лигата. Планот е да биде достапен за дербито со Манчестер Сити на 2 февруари.
По натпреварот со Астон Вила, менаџерот на Арсенал, Микел Артета призна дека е многу загрижен поради повредата на Салиба. Тогаш Шпанецот се уште немаше информација колку долго ќе отсуствува еден од столбовите на одбраната на тимот. Сега, сепак, вестите не изгледаат толку лоши како што беа во случаите на Букајо Сака и Габриел Жезус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

