Арсенал, Челси, Валенсија и Ајнтрахт, со гол од офсајд, во полуфиналето на Лига Европа

Арсенал, Челси, Ајнтрахт Франкфурт и Валенсија се полуфиналистите во Лигата на Европа откако успешно ги минаа четвртфиналните пресметки во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Ако за Арсенал, Челси и Валенсија, согласно резултатите од првите натпревари, и се очекуваше пласманот во полуфиналето, победа на денот запиша Ајнтрахт Франкфурт славејќи со 2-0 против Бенфика и на тој начин поради гол на гости (по оние 4-2 за Бенфика од првиот дуел) си обезбеди полуфинале.

Германците до водство дојдоа со гол од офсајд на Костиќ во 37. минута, а во 62. минута следеше и погодокот за полуфинале.


Арсенал, пак, по првата победа од 2-0 славеше и на гостувањето против Наполи со 0-1. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Лаказет во 36. минута, кој прекрасно погоди директно од слободен удар од 25 метри.

Мечот на вечерта го одиграа Челси и Славија Прага. Лондонскиот тим победи со 4-3 како дополнение на победата од 0-1 и од првиот натпревар во Прага.

Валенсија, по победата на првиот меч од 1-3, и на домашен терен славеше против Вилјареал, сега со 2-0.

ЛИГА ЕВРОПА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Наполи – АРСЕНАЛ 0-1 (0-2)

ЧЕЛСИ – Славија Прага 4-3 (1-0)

ВАЛЕНСИЈА – Вилјареал 2-0 (3-1)

АЈНТРАХТ Ф. – Бенфика 2-0 (2-4)

  • Во заградите се резултатите од првите четвртфинални натпревари

Се вчитува...