Младиот словенечки напаѓач, Бенџамин Шешко е мета број еден на премиерлигашкиот вицешампион Арсенал, но за тој да се најде на „Емирати“ лондонскиот клуб ќе мора да биде конкретен во преговорите бидејќи за неговиот ангажман постои интрес и од градскиот ривал Челси, но и Милан, пренесуваат англиските медиуми.
Голгетерот на Лајпциг и самиот посакува трансфер во Арсенал каде треба да развива тандем заедно со Каи Хаверц, но лесно би можело да тргне по стапките на Михајло Мудрик и да заврши во редовите на Челси доколку „топчиите“ не ја издвојат посакуваната сума од околку 50 милиони евра за негов трансфер.
Шешко оваа сезона настапи на 31 натпревар во Бундеслигата постигнувајќи 14 голови и две асистенции, а по два пати ја тресеше мрежата и во Лигата на Шампиони и Купот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА