Голгетерот на Спортинг, Виктор Ѓекереш беше голема желба на тренерот на Арсенал, Микел Артета изминатиот преоден рок, но до трансфер во Лондон не дојде поради големата сума на обесштетување од 100 милиони евра која ја бара португалскиот тим.
Дваесетишестгодишниот Швеѓанец кој минатата сезона постигна 36 голови на 44 натпревари во меѓувреме продолжи да ги тресе мрежите во претпознатливата форма па и го задража интересот на „топчиите“, но за негов премин во „црвено-белиот“ дрес сега Арсенал како пречка нема да ја има само големата сума на пари.
Интерес за шведскиот репрезентативец покажаа и Ливерпул и Манчестер Јунајтед од кои се очекува да започнат преговори за негов ангажман веќе во месец јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА