Арсенал, (не)очекувано налета на силен отпор од Менсфилд во 1/8 финалето во ФА Купот, меѓутоа на крајот успеа со триумф од 1-2 да се пласира во следната фаза.
Топчиите ја имаа доминацијата уште на стартот, а до водство дојдоа во 41. минута. Мадуеке постигна прекрасен гол за предност на лидерот во Премиерлигата.
Шок за Артета и играчите во 50. минута од средбата кога нисколигашот израмни. Арсенал направи катастрофална грешка во одбрана, при што Еванс успеа да израмни.
Во 66. минута Езе со втор гол го однесе Арсенал до нова предност и до победа на овој меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

