Арсенал го ангажираше Раул Санлеи за нов спортски директор, откако Шпанецот ја напушти функцијата во Барслона по 15 години. Санлеи доаѓа како замена за Дик Ло, кој си даде отказ откако беше критикуван за трансфер политиката на клубот во последните неколку сезони, како и неуспехот да ги обнови соработките со Месут Озил и Алексис Санчез.
Иако Венгер се противеше да работи со спортски директор, откако минатото лето го продолжи договорот со „топчиите“ на две години, одлучи да доведе човек кој ќе му помогне во ангажирањето на нови фудбалери. Знаејќи дека Санлеи одлично си ја вршеше задачата во каталонскиот гигант, Венгер се надева дека со него ќе успее да привлече играчи од светска класа. Имено, Санлеи е еден од најзаслужните за трансферите на Нејмар и Суарез во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА