Арсенал е прв фаворит за освојување на Лигата на Шампиони

Англискиот великан Арсенал е прв фаворит за освојување на најпрестижното фудбалско клупско натпреварување, Лигата на Шампионите според анализата на „Опта“.

Пред почетокот на сезоната „топчиите“ беа на петтото место на листата, но по воведните победи над Олимпијакос и Атлетик Билбао избија на првата позиција со шанса за историски успех од 18.09 отсто.

Зад Арсенал се: Ливерпул со 14.7 отсто, ПСЖ со 13.96 отсто, Манчестер Сити со 9.71 отсто, Баерн Минхен со 9.50 отсто…

Се вчитува...