Арсенал е заинтересиран за Вилијан

Арсенал тргнува по потписот на Бразилецот Вилијан од Челси, пренесуваат англиските медиуми. Артета сака да го доведе бразилскиот интернационалец на „Емирати“ како би ја зголемил конкуренцијата на крилните позиции каде во моментов покрај Николас Пепе ги има само младите Нкетиа и Сака.

На Вилијан договорот со Челси му завршува на крајот на тековната сезона, што значи дека Артета ќе може да го доведе без обештетување. Покрај Вилијан цел на Артета во летниот преоден рок ќе биде да ги задржи првите ѕвезди во тимот Пјер Ерик Обамејанг и Александре Лаказет, но и да се обидат да се ослободат од Месут Озил за кој нема место во тактичките замисли на Шпанецот.

Се вчитува...