Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде да го доведе бразилскиот интернационалец Малком до крајот на зимскиот преоден рок. Менаџерот Унаи Емери смета крилниот играч на Барселона би бил одлично засилување за „топчиите“ во вториот дел од сезоната. Тој не добива голема минутажа кај Ернесто Валверде, па Арсенал ќе му понуди да дојде на позајмица во наредните шест месеци.
Тимот од „Емирати“ е во преговори со Барселона и за Денис Суарез, кој исто така треба да дојде во Арсенал на позајмица, но засега каталонскиот клуб инсистира на комплетна продажба на фудбалерот за врска.
„Топчиите“ во текот на вчерашниот ден испратија и понуда за позајмица на Иван Перишиќ, што беше експресно одбиена од страна на челниците на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА