Арсенал го декласираше Челси во САД

Арсенал ја продолжи серијата добри игри во оваа предсезона со убедлив триумф над премиерлигашкиот ривал Челси со 4-0. Воедно, ова беше втор слаб настап на Челси по неочекуваниот пораз од Шарлот пред неколку дена, на стартот од американската турнеја.

Габриел Жезус ја потврди извонредната форма откако засилувањето од Манчестер Сити постигна гол и на овој меч, оној првиот за водство од 1-0 кога маестрално го лобуваше Менди за предност на својот тим.

Одегард го постигна вториот гол за Арсенал, додека во второто полувреме патот до мрежата на „сините“ го најдоа и Сака и Локонга.

Се вчитува...