Арсенал го договори Нзонзи од Севилја?

Арсенал наводно го договори првото зимско засилување, играчот од средниот ред на Севилја Стивен Нзонзи. Според шпанските медиуми, францускиот репрезентативец ќе се врати во Премиер – лигата за сума од 37 милиони евра, а ќе бидат додадени плус три милиони евра како бонус за да се достигне до неговата клаузула (40 милиони евра).

Нзонзи во неколку наврати изрази желба да го напушти клубот од Андалузија, а меѓусебната врска згасна минатиот месец кога фудбалерот беше заменет против Ливерпул во Лигата на шампиони. Иако ниту еден клуб засега не го потврдува трансферот, враќањето на Нзонзи во Англија е само прашање на време. Покрај неговата желба да се врати на „островот“ има интерес од неколку клубови, меѓу кои е и Евертон со Сем Алардајс на чело, менаџерот кој му ги отвори вратите на Нзонзи во Премиер – лигата во времето кога го водеше Блекбурн.

„Мојата иднина е далеку од овој клуб. Морам само да го дочекам крајот на декември и потоа си заминувам од тука. Им посакувам се најдобро на Севилја во Лигата на шампиони и шпанското првенство, но јас нема да бидам дел од таа авантура. Жал ми е што вака ќе заврши, но клубот дозволи да се дојде до оваа позиција“, истакна Нзонзи.

Се вчитува...