Арсенал го купува Бернд Лено како наследник на Петр Чех

Англискиот премиерлигаш Арсенал во летниот преоден рок ќе доведе нов голман, а прв избор на „топчиите“ е Бернд Лено, чуварот на мртежата на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен и германски репрезентативец. 26-годишниот голман на „фармацевтите“ се поврзува и со Наполи, но Премиер – лигата е секако поголем предизвик за него доколку одлучи да замине во странство.

Петр Чех би останал на „Емирати“ и следната сезона, но само за да го воведе новиот голман во спецификите на Премиер-лигата, а потоа Бернд Лено би бил долготрајното решение на Арсенал за голманската позиција.

Се вчитува...