Англискиот премиерлигаш Арсенал тргна во офанзива за ангажман на Хаким Зијеч. Крилниот напаѓач на Ајакс имаше фантастична сезона во Лигата на шампионите и веќе има понуди од Баерн Минхен и од Рома, но во трката за него се вклучуваат и „топчиите“. Менаџерот Унаи Емери смета дека тој би бил одлично решение за засилување на навалната линија, посебно доколку Александре Лаказет замине од „Емирати“, а за него е заинтересирана Барселона.
Зијеч е меѓу најпосакуваните фудбалери во пресрет на летниот преоден рок и поради малата отштета. Според клаузулата во неговиот договор, тој може да си замине од „Јохан Кројф арена“ за 25 милиони фунти, што сигурно не претставува големо финансиско оптоварување за европските гиганти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА