Англискиот премиерлигаш Арсенал го договорил трансферот на Хамес Родригез по завршувањето на сезоната. „Топчиите“ на Реал Мадрид ќе му платат 70 милиони евра и ќе го доведат Колумбиецот на „Емирати“ како замена за Месут Озил, кој речиси сигурно заминува од клубот. За него се интересираат турските клубови Галатасарај и Фенербахче.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, одлично ги познава квалитетите на Хамес Родригез од периодот кога тој настапуваше во „кралскиот клуб“. Изминатите две сезони како позајмен играч го носеше дресот на Баерн Минхен, но германскиот првак одлучи да не го откупува комплетно неговиот договор. Ова значи дека Хамес Родригез ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“ следното лето, а Арсенал ќе уплати 70 милиони евра на сметката на мадридскиот гигант за да го добие креативниот играч од средниот ред.
За колумбискиот интернационалец се интересира и Јувентус, но очигледно дека Арсенал е многу поконкретен во намерата да го ангажира Хамес Родригез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА