Арсенал го купува Лукас Васкез

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да се засили со фудбалерот на Реал Мадрид, Лукас Васкез. Крилниот играч на „кралскиот клуб“ не е во плановите на Зинедин Зидан за следната сезона, се наоѓа на трансфер листа, а тоа сака да го искористи Унаи Емери и да го доведе на „Емирати“.

Арсенал ќе има проблем да привлече квалитетни фудбалери затоа што нема да биде дел од Лигата на шампионите следната сезона, но се надева дека ќе излезе како победник во трката за Лукас Васкез во која се и италијанските калчолигаши Интер и Рома, како и шпанските клубови Валенсија и Бетис.

Се вчитува...