Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да ја реновира одбранбената линија во летниот преоден рок, а менаџерот Унаи Емери ќе пазари од Италија. Негова голема желба е дефанзивецот на Рома, Костас Манолас. Тој може одлично да одговори на стоперските позиции, но по потреба и како лев бек.
Раководството на „топчиите“ е подготвено да ја плати отштетната клаузула од 30 милиони фунти и да го доведе на „Емирати“. Тој одигра 35 натпревари за „волчицата“ оваа сезона, а на крајот од шампионатот се жали на повреда на скочниот зглоб.
Манолас има актуелен договор со Рома до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА