Англискиот премиерлигаш Арсенал првото летно засилување сака да го обезбеди од Островот. Менаџерот Унаи Емери инсистира на „Емирати“ да го доведе Вилфрид Заха, крилниот играч на Кристал Палас. Тој смета дека Заха би бил одличен партнер во нападот на Пјер Емерик Обамејанг и заедно би биле незадржливи за противниците.
Проблем за овој трансфер секако е отштетата од 70 милиони евра што раководството на Арсенал треба да ја одвои за да стигне до потписот на Заха. Но, дел од парите би можеле да се обезбедат доколку Александер Лаказет замине во Барселона. Каталонскиот гигант гледа во Французинот како наследник за Луис Суарез и би можел да го ангажира по завршувањето на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА