Арсенал го официјализираше трансферот на Тимбер

Јуриен Тимбер од денеска и официјално е нов фудбалер на Арсенал. Холандскиот репрезентативец на „Емирати“ доаѓа од редовите на Ајакс каде изминатите сезона се наметна како стандарден првотимец со сега 121 настап зад своето име.

Премиерлигашкиот вицешампион за услугите на стоперот роден во 2001 година издвои 40 милиони евра, а трансферот може да се зголеми за уште пет милиони евра со бонуси.

Се вчитува...