Во неверојатен меч со седум гола за едно полувреме, Арсенал го совлада Вест Хем со 2-5. Сите голови паднаа во првиот дел, а во вториот стрелците „заспаа“, па така остана резултатот од првиот дел.
Габриел во 10. минута го отвори резултатот. Тросард во 27. минута за 2-0, а потоа од пенал Одегард во 34. минута донесе 3-0. Хаверц само две минути подоцна од пенал се погрижи за 4-0.
Следуваа два брзи гола за Вест Хем и намалување на резултатот. Ван Бисака во 48. минута намали на 1-4, а Емерсон и на 2-4.
Во финишот уште еден пенал за Арсенал, овојпат Сака реализираше за 2-5.
Се очекуваа голови и во вториот дел, но нив ги немаше, па застанаа на седумте од првиот дел.
Со овој триумф Арсенал му се доближи на Ливерпул на шест бодови, пред утрешното дерби во кое лидерот го чека Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА