Веќе нема никакви дилеми, Бернд Лено од вечерва е нов член на Арсенал откако лондонскиот првак го официјализираше трансферот на германскиот голман. Тој пристигнува на „Емирати“ за сума од 20 милиони фунти од редовите на Баер Леверкузен, клуб каде беше прв голман во изминатите седум сезони.
„Уживав во времето минато во Леверкузен, вечно ќе сум му благодарен на клубот кој ми даде првотимски статус на 19-годишна возраст. По прекрасни седум години време ми е за нов предизвик во нова возбудлива лига“ – порача Лено при заминувањето од Бундес-лигата.
Германецот е второ засилување на Арсенал во овој преоден рок, по ангажманот на Штефан Лихтштајнер од Јувентус. Воедно, „топчиите“ се во завршна фаза од преговорите за трансферите на Сократис Папастатопулос од Борусија Дортмунд и Лукас Тореира од Сампдорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА