Арсенал го повлече новиот дрес од продажба

Арсенал ги повлече своите нови дресови од продажба поради грешка во дизајнот направена од Адидас.

Новите дресови на Арсенал беа на продажба за 110 фунти и беа направени во чест на генерацијата „Непобедливи“ која ја освои титулата пред 20 години.

Сепак, Адидас направи грешка бидејќи некои резултати од таа фамозна сезона 2003/04 беа напишани погрешно.

Од оваа компанија најавија дека на сите кои веќе го купиле дресот ќе им бидат вратени парите.

На дресот за новата сезона се испишани резултатите од 38 натпревари од сезоната без пораз, означени со W (победи) o D (реми), но всушност се посочени резултатите за само 32 натпревари.

Се вчитува...