Неверојатен старт ни донесе дербито на англискиот фудбал меѓу Манчестер сити и Арсенал. Откако „граѓаните“ брзо стигнаа до водство со голот на Халанд од 1-0, тоа како дополнително да ги мотивираше гостите кои не бираа начин да стигнат до израмнување.
Неколкуте остри стартови над Родри доведоа до тоа по еден корнер и дуел со Парти, Шпанецот да го повреди коленото поради што мораше да го напушти мечот и на негово место во 21. минута да влезе Марио Ковачиќ. Само минута подоцна гостите го искористија сето тоа и преку Калафиори израмнија на 1-1.
Manchester City 1 – [1] Arsenal – Riccardo Calafiori 22'
byu/diogovin insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА