Арсенал го праќа Џака на советување, тој не се извинува за однесувањето кон навивачите

Арсенал и Унаи Емери биле загрижени за менталната состoјба на Гранит Џака и му понудиле да оди на советување. По бесната реакција на Швајцарецот на исвиркувањето од навивачите, во неделата на мечот против Кристал Палас од клубот велат дека тој е во многу лоша состојба.

„Вознемирен е и многу тажен. И не само поради овој натпревар. Тој и претходно знаеше дека навивачите не го сакаат“ – изјави Емери.

Менаџерот ги повика навивачите да му дадат поддршка на Џака и не сакаше да зборува за тоа дали швајцарскиот фудбалер ќе ја загуби капитенската лента. Секако, Емери побара Џака да се извини, но и по два дена од инцидентот тоа не се случи. Џака нема да биде во тимот на Арсенал за вечерашната пресметка со Ливерпул во Карабао купот.

Се вчитува...