Арсенал го претстави Бразилецот Маркињос

Младиот бразилски фудбалер Маркињос е првото засилување на Арсенал за новата сезона. 18-годишниот фудбалер се смета за еден од најталентираните фудбалери на својата генерација, а во Лондон доаѓа од екипата на Сао Паоло.

Маркињос веќе настапи на 33 натпревари за бразилскиот великан, а беше еден од главните фудбалери на бразилската репрезентација до 16 и 17 години.

„Маркињос е играч кој го следиме веќе некое време. Тој е млад фудбалер и треба да претставува дел од нашата иднина“, изјави техничкиот директор на Арсенал, Еду.

Се вчитува...