Арсенал го претстави својот „голгетер за титула“

Арсенал денеска и официјално го промовираше Леандро Тросар во свое најново засилување, завршувајќи ја потрагата по нов голгетер кој ќе му помогне на тимот на Микел Артета во трката по титулата.

По неуспехот во трката по Украинецот Мудрик, „топчиите“ експресно ги пренасочија погледите кон Тросар. Белгискиот интернационалец влезе во последните шест месеци од договорот со Брајтон, што значеше и намалување на цената на трансферот, која ќе изнесува 27 милиони евра.

Тросар подеднакво добро се снаоѓа и како класичен напаѓач и по крилната позиција, а сезонава постигна седум погодоци, меѓу нив хет-трик на гостувањето против Ливепрул, како и гол на гостински терен против Манчестер Сити.

„Сите во клубот завршија одлична работа за овој трансфер да биде комплетиран. Тој е универзален играч што добро се снаоѓа на различни позиции, одличен техничар, има фудбалска интелигенција, но и искуство од натпревари во Премиер-лигата. Тој ќе биде наше големо засилување за вториот дел од сезоната“, изјави Микел Артета.

Арсена информираше дека Белгиецот ќе го носи дресот со број 19, како и дека сите неопходни документи биле навреме испратени до ФА за тој да може да дебитира за тимот веќе в недела, на големото дерби со Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...