Арсенал го продава Александре Лаказет во Атлетико Мадрид

Арсенал ќе го продаде Александре Лаказет на Атлетико Мадрид веднаш штом Пјер-Емерик Обамејанг потпише нов договор. Во лондонскиот тим веруваат дека се сосема блиску до продолжување на соработката со капитенот што ќе значи дека Лаказет ќе си оди за Шпанија во трансфер вреден 30 милиони фунти.

29-годишниот Французин во 2017 година беше буквално пред вратата на Атлетико Мадрид, но клубот се соочи со забрана за трансфери и неговото одење во тимот на Диего Симеоне пропадна во последен момент.

Лаказет се договори со Арсенал, работеше со тројца различни менаџери вклучувајќи го и Микел Артета, но не успеа да си обезбеди регуларна позиција во стартниот тим. Беше дел од победата на Арсенал во финалето на ФА купот над Челси. Тој не сака да има споредна улога во тимот и затоа би одел во Атлетико каде што би бил дел од плановите за стартниот состав. Откако Диего Симеоне не успес да дојде до Единсон Кавани, сега сите сили се насочени кон ангажманот на Александре Лаказет.

 

Се вчитува...