Арсенал игра одлично од доаѓањето на Микел Артета на клупата, дури и беше во конкуренција за титулата англиски првак, што му побегна на крајот од минатата сезона.
Кога Микел Артета седна на клупата на Арсенал во декември 2019 година, малкумина веруваа дека тој ќе остане толку долго во лондонскиот клуб.
И покрај тоа, Шпанецот по вторпат го продолжи договорот со клубот, овојпат на три години. Неговиот претходен договор истекуваше на крајот од актуелната сезона, па челниците на „топчиите“ реагираа побрзо и му понудија одлични услови на менаџерот на Арсенал.
Преговорите траеја малку подолго од очекуваното, но сега е јасно дека Артета ќе остане на клупата на овој тим барем до 2027 година Шпанецот го врати Арсенал на врвот на англискиот фудбал, двапати со овој клуб го освои ФА Купот и Комјунити Шилд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА