Арсенал го продолжи договорот со јапонскиот интернационалец Такехиро Томијасу. Десниот бек потпиша нов долгорочен договор, и ќе остане на „Емирати“ до 2026 година, со опција да биде продолжен на уште една. Стариот договор на бекот истекуваше во 2025 година.
Микел Артета е задоволен од продолжување на Јапонецот, кажувајќи дека овој фудбалер одлично се вклопува во неговите планови и дека е сакан од сите.
„Многу сме здоволен што Томи ќе продолжи со нас и во иднина. Неговите способности, сила, став и карактер се вредности од светска класа. Томи е сакан од сите, и стана важен дел од тимот. Тренира секогаш со страст и упорност да биде најдобрата верзија од себе секој ден. Со нтерпение очекувам да продолжам да работам со него“, рече Артета.
Томијасу дојде во Арсенал во 2021 година. Забележа 73 настапи за клубот, а оваа сезона има 20 натпревари, и еден постигнат гол и три асистенции во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА