Арсенал и официјално го промовираше својот нов фудбалер, Гркот Сократис Папастатопулос, кој потпиша договор до јуни 2021 година.
За трансферот на Папастатопулос, „топчиите“ исплатија 19 милиони евра на Борусија Дортмунд. Гркот е трето засилување за тимот на Унаи Емери, по десниот бек Стефан Лихштајнер и голманот Бернд Лено.
Папастатопулос претходно во својата кариера има настапи и за Вердер од каде пред пет сезони пристигна во Борусија Дортмунд. Грчкиот фудбалер е само уште еден од низата кои во Арсенал пристигнуваа од Дортмунд по Пјер Емерик Обамејанг и Хенрик Мхитаријан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА