Арсенал го раскина договорот со „вечно повредниот“ Јапонец

Арсенал се согласи да го раскине договорот со Такехиро Томијасу по меѓусебна согласност, со што кариерата на дефанзивецот на „Емирати“ завршува, објави Би-Би-Си. Јапонскиот дефанзивец одигра само шест минути минатата сезона поради повреда и моментално е надвор од терените најмалку четири до пет месеци.

Поради оваа причина, двете страни одлучија да ја прекинат соработката. Томијасу , 26, имаше договор за уште една сезона со опција за продолжување на договорот за дополнителни 12 месеци.

Тој пристигна во Арсенал од Болоња во 2021 година и одигра 79 натпревари за тимот. Во последните години повеќе беше надвор од терените, отколку во него, со оглед на многуте повредни.

Се вчитува...