Арсенал го совлада Вулверхемптон и на пауза заминува со предност од +5 (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал максимално го искористи „киксот“ на Манчестер Сити, и не само што остана на врвот на табелата пред паузата за Светското првенство, туку и ќе замине со предност од пет бодови пред првакот.

Топчиите вечерва го совладаа тимот на Вулверхемптон на гости со 0-2, благодарение на головите на Одегард во вториот дел. Првиот гол Норвежанецот го постигна во 55. минута на асистенција на Виеира, а вториот погодок го постигна после одбиена топка во 75. минута. 

Арсенал дојде до 12. триумф од 14 натпревари, и има 37 бодови, пет повеќе од Сити, седум од Њукасл, кој има и меч повеќе од „топчиите“.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...