Арсенал го враќа Диего Коста во Премиер-лигата?

Контроверзниот поранешен шпански репрезентативец Диего Коста можно е до крајот на месецов да се врати во англиската Премиер-лига и тоа во лондонскиот премиерлигашки гигант Арсенал.

Според англиските медиуми, Диего Коста е слободен фудбалер откако си замина од новиот бразилски шампион Атлетико Минеиро, па Арсенал се отворил како опција зашто Микел Артета бара засилување во нападот, а првата цел Душан Влаховиќ од Фиорентина сѐ уште размислува која понуда да ја прифати, а Пјер Емерик Обемејанг има замрзнат статус и е на трансфер-листа, но и со срцев проблем кој му е откриен на Африканскиот куп на нациите, откако прележа ковид-19.

Инаку за Диего Коста интерес има и од клубови во Турција, Катар и Кина. Тој е поранешен фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси.

Се вчитува...