Бразилскиот стопер Габриел ја продолжи соработката со Арсенал официјално потпишувајќи нов договор. Во соопштението не е наведено до кога важи новиот договор, но јасно е дека истиот ја надминува 2027 година до кога беше досега актуелниот.
Дваесетиседумгодишникот во сезоната 2024/25 настапи на 42 натпревари за Арсенал наметнувајќи се како еден од најдобрите на својата позиција.
„Пристигнав во клубот како млад играч и после готово пет години многу сум реќен што многу научив. Горд сум на себе, ова е неверојатно патување и многу сум среќен што продолжувам. Се надевам дека ќе освојам трофеи со овој клуб бидејќи го сакам, а и моето семејство го сака“, изјави Габриел.
Gabriel is here to stay 🇧🇷
Our number 6 has committed his future to The Arsenal 👇
— Arsenal (@Arsenal) June 6, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

