Шпанскиот голман Давид Раја со две одбрани во пенал серијата на синоќешниот реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на Шампионите против Порто го одведе Арсенал во следната фаза на најсилното европско фудбалско натпреварување.
Дваесетиосумгодишникот се пресели во редовите на лондонскиот тим на почетокот на сезоната како позајмен играч од Брентфорд, а според последните информации на англиските медиуми, Арсенал ќе ја активира откупната клаузула во договорот и ќе го направи трансферот перманентен за 27 милиони евра.
Покрај тоа „топџиите“ подготвуваат и нови договори за продолжување на соработката со Бен Вајт и Такехиро Томијашу кои се очекува да бидат потпишани пред крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА