Арсенал го задржува столбот на одбраната со богат договор

Со само 34 примени голови на 38 одиграни натпревари во Премиерлигата, Арсенал ја имаше најдобрата одбрана во едно од најсилните фудбалски првенства за сезоната 2024/25, а со цел да го задржи епитетот тврдина и за предизвиците кои следат лондонскиот клуб ќе му даде нов договор на незаменливиот Габриел.

Бразилскиот репрезентативец пристигна во Арсенал во 2020 година од Лил во трансфер вреден 26 милиони евра, а и покрај тоа што има договор со важност до 2027 година тој е еден од фудбалерите со најмали примања во северен Лондон.

Со цел да одолее на богатите понуди од Саудиска Арабија, Арсенал ќе му понуди нов договор на 27-годишниот стопер кој сега заработува само шест милиони евра по сезона со важност до 2030 година.

Се вчитува...