Арсенал и Болоња постигнаа договор околу трансферот на Рикардо Калафиори. Како што пренесува познатиот италијански новинар Фабрицио Романо, двата клуба моментално ги подготвуваат документите, а се очекува се да биде комплетирано најдоцна утре.
Се очекува Калафиори во наредните денови да ги помине медицинските прегледи, а потоа и официјално да потпише договор со вицешампионот во Премиерлигата. Островските медиуми пренесуваат дека Арсенал за неговото доаѓање ќе плати 40 милиони евра, плус уште пет како бонус, а играчот ќе потпише петгодишен договор.
Дека се оди во тој правец говори и фактот што Болоња не го вклучи Калафиори на списокот на играчи кои во наредните денови ќе го започнат вториот дел од подготовките иако тој се врати од одмор. На еврото беше еден од најдобрите играчи во италијанската репрезентација која натпреварувањето го заврши во осминафиналето.
Калафиори минатата година дојде во Болоња од Базел за четири милиони евра, па швајцарскиот тим ќе може да смета на 50 отсто од добивката од трансферот во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА