Арсенал и Ливероул одиграа фантастичен натпревар на „Емирати“, исполнет со многу возбудувања, пресврти и шест гола. На крајот ги поделија бодовите играјќи 3-3, а за претставата заслужија и многу повеќе од еден бод.
Ливерпул поведе со голот на Кутињо во 26.минута, а Фирмино во 52.минута зголеми на 0-2. Сите помислија дека „топчиите“ се скршени, но Арсенал возврати силно во само шест минути. Со головите на Алексис Санчез, Гранит Џака и Месут Озил, веќе во 58.минута имаше водство од 3-2.
Ливерпул сепак не дозволи да загуби, а Фирмино го постигна израмнувачкиот гол во 71.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА