Арсенал и Ливерпул се „степаа“ за фудбалер на Хофенхајм

Арсенал и Ливерпул се подготвени да ја платат цената за фудбалерот на Хофенхајм, Керим Демирбај, која изнесува 28 милиони фунти. Германскиот привремен репрезентативец сезонава игра одлично во дресот на германскиот прволигаш, со што стекна внимание од неколку европски гиганти.

Премиерлигашките великани се меѓу фаворитите за неговиот потпис, па веќе на лето ќе ги понудат своите средства, додека фудбалерот ќе мора да бира помеѓу „Енфилд“ и „Емирати“, доколку воопшто сака да ги напушти редовите на Хофенхајм.

Оваа сезона 24-годишниот играч за врска е регуларен стартер кај Нагелсман, постигна два погодоци и запиша една асистенција, но неговото влијание на средината на теренот е всушност она што најмногу ги привлекува Арсенал и Ливерпул. Добрите партии му обезбедија и настап за репрезентацијата на Германија, летово за време на Купот на конфедерации дебитираше против Камерун постигнувајќи го својот првенец.

Се вчитува...