Арсенал не се откажува од тоа да го доведе бразилскиот ас, Родриго на „Емирејтс“, но Реал Мадрид повторно испрати јасна порака.
Лондонскиот клуб веќе некое време се обидува да го доведе бразилскиот напаѓач и прашува за условите, а стигна и одговорот од вицешампионот на Шпанија.
Мадриѓаните нема да го продаваат Родриго по ниту една цена, но доколку пристигне добра понуда не се против продажбата. Како што пренесуваат шпанските медиуми, минималната цена што Реал е подготвен да ја преземе е дури 90 милиони евра.
„Реал Мадрид знае за интересот на Арсенал, но играчот сака да истражи некои други решенија бидејќи знае дека Гвардиола со Манчестер Сити е секогаш опција“, пишуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

