По најкастрофалната сезона во кариерата на Венгер и на Арсенал, клубот е подготвен да потроши огромни пари за да се натпреварува со најдобрите во Европа. Според англиските медиуми, „топчиите“ ќе започнат револуција и обновување на тимот со 230 милиони евра на располагање.
Венгер ќе остане барем уште една сезона, но не и моменталните ѕвезди кои се фрустрирани од судбината која ја доживуваат. Санчез и Озил бараат нов дом, за Жиру веќе нема место во тимот, како и за Оспина, додека Лукас Перез се покажа како промашување за сезоната, па ПСЖ му нуди излез. Од поранешните фудбалери на Барса и Реал, Арсенал може да заработи 100 милиони евра, што ќе бидат употребени за желбите на Венгер. Французинот ќе се обиде да го задржи Окслејд-Чемберлен со нов, побогат договор, кој пак е на радарот на Ливерпул.
Мората и Родригез од Реал и Пикфорд од Сандерленд се први на список, го бараат и младото дуо од Селтик, Муса Дембеле и Киеран Тирни, а пропаднатиот транфер на Јунајтед, Вилфред Заха, би можел да го облече дресот на тимот од Лондон по одличната сезона која ја има, но за неговиот потпис ќе имаат конкуренција од градскиот ривал Тотенхем.
Арсенал го сака речиси половина од составот на Монако, но тоа е невозможно да се оствари, барем не во еден траснфер период. Менди, Бакајоко, Мбапе, Силва, Фабињо и Лемар се на овој список, но oд овие шест играчи, Арсенал може да биде задоволен ако успее да потпише со еден, со оглед на тоа дека пола Европа се интересира за истите фудбалери.
Ќе има промени и во раководството, се шпекулира дека Марк Овермарс треба да застане на позицијата спортски директор. Ќе има и нови скаути кои ќе трагаат по млада крв низ целиот свет .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА