Арсенал и Тотенхем во „клинч“ за ѕвездата на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен се подготвува за уште едно заминување откако еквадорскиот стопер Пјеро Хинкапие јасно му стави дознаење на раководството на клубот дека сака да реализира трансфер пред крајот на летниот преоден рок.

Дваесетитригодишниот репрезентативец на Еквадор во договорот со германскиот состав има откупна клаузуа од 60 милиони евра која ќе ги задоволи и финансиските желби на Баер Леверкузен па неговото заминување не се очекува да биде ниту еден цент помалку.

За услугите на стоперот голема битка водат лондонските ривали Арсенал и Тотенхем со тоа што се започнати преговори од страна на двата клуба. За Хинкапие попривлечна дестинација се „топчиите“, но реализацијата на трансферот зависи и од заминувањата на Јакуб Кивиор и Олександар Зинченко.

 

Се вчитува...