Лондонските ривали Арсенал и Тотенхем влегоа во трка за ангажман на одбранбениот фудбалер на Борусија Менхенгладбах, Матијас Гинтер. Менаџерот на „топчиите“, Унаи Емери, очајно бара нови засилувања во дефанзивниот ред, а скаутите на клубот веќе подолг период ги следат игрите на Гинтер.
Но, и Маурисио Покетино е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах. Информациите од Островот велат дека и двата клуба се подготвени да платат 15 милиони фунти за ангажман на Матијас Гинтер. 25-годишниот фудбалер со репрезентацијата на Германија има светска титула и трофеј во Купот на Конфедерациите, а во дресот на Борусија Дортмунд стигна до пехари во Купот и Суперкупот на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА