Алжирскиот интернационалец Ријад Махрез на крајот од оваа сезона ќе го напушти Лестер, откриваат медиумите на Островот. Тој беше еден од најзаслужните за шампионската титула што ја освои клубот минатата сезона, а се сложи да остане и потпиша нов договор минатото лето за да игра во дресот на Лестер во Лигата на шампионите. Но, сега има малку поинакви амбиции и сака да замине во поголем клуб.
За него најсериозен интерес покажуваат лондонските тимови Арсенал и Тотенхем. „Спарси“ сигурно ќе играат во ЛШ следната сезона, па имаат и поголеми шанси да дојдат до потписот на Махрез. Но, и раководството на Арсенал подготвува реконструкција на својот состав, а Махрез е едно од потенцијалните нови засилувања на „топчиите“. Неговата вредност во моментот изнесува околу 35 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА