Лондонските ривали Арсенал и Тотенхем влегуваат во „војна“ за потписот на фудбалерот на Рома, Амаду Диавара. По поразот од Ливерпул, Артета сфати дека има уште многу непополнети дупки во тимот доколку сака да биде конкурентен за највисок пласман во премиер-лигата, додека Мурињо и покрај солидните партии на стартот на сезоната верува дека му е потребен фудбалер како Диавара како би ја засилил најслабата линија во тимот.
Диавара минатата сезона стигна на „Олимпико“, а досега запиша 22 настапи на кои постигна еден гол. Претходно во Италија беше дел од Наполи и Болоња, а професионалната фудбалска кариера ја почна во Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

