Арсенал се врати во победнички ритам во Премиер – лигата и по три ремија повторно освои три бода. Славеше на гостувањето против Борнмут со 1-2 и се искачи на петтата позиција на табелата со 27 бода.
„Топчиите“ поведоа со автоголот на Лерма во 30.минута, а Борнмут израмни пред самиот истек на првиот дел, со погодокот на Џошуа Кинг. Пјер – Емерик Обамејанг во 67.минута го постигна победичкиот погодок за Арсенал на оваа средба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА