Микел Артета е дефинитивниот избор на раководството на Арсенал за наследник на Венгер, без оглед на ризикот што го носи фактот дека Шпанецот нема ниту еден самостоен тренерски ангажман по завршувањето на играчката кариера. Британските медиуми објавија дека прв „пик“ бил Масимилијано Алегри, но откако овој стручњак реши да остане во Јувентус, а Арсенал доби и негативен одговор и од Џулијан Нагелсман (остнаува во Хофенхајм), пред дефинитивно изборот да падне врз Артета.
Шпанецот мина фантастични години како играч во Арсенал, за по завршувањето на кариерата да се пресели во Манчестер сити, како десна рака на Пеп Гвардиола во стручниот штаб на „граѓаните“. Самиот Гвардиола минатата седмица објави дека нема намера да му стои на патот на Артета, кој е подготвен за поголем предизвик во кариерата, а Арсенал е подготвен да му ја даде на младиот стратег шансата што ја чека.
Претходно, прв „пик“ на „топчиите“ беше Луис Енрике, но преговорите со екс-тренерот на Барса беа прекинати поради неговите барања да зема плата во висина на оние на Гвардиола и Мурињо (околу 20 милиони евра по сезона), како и желбите на Шпанецот за буџет за засилувања од над 120 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА