Англискиот премиерлигаш Арсенал од следната сезона ќе го промени производителот на спортска опрема. „Топчиите“ подолг период имаа соработка со „Пума“, но добија одлична понуда од „Адидас“ која може да биде и почеток на една нова трансферна револуција во клубот.
Арсенал ќе добие 40 милиони фунти годишно од „Адидас“, финансии што секако ќе бидат употребени за ангажман на барем еден квалитетен фудбалер во летниот преоден рок. По реорганизацијата на навалната линија, сега приоритет е ангажман на нов централен бек, како и голман кој долгорочно би го заменил ветеранот Петр Чех.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА