Арсенал ја преспа зимата, но го очекува бурно лето со бројни засилувања и заминувања

Арсенал немаше бурна зима исполнета со нови засилувања и покрај големиот број на повредени фудбалери. Потегот на раководството на тимот да мирува на трансфер маркетот наиде на разочарување кај навивачите кои се надеваат дека токму оваа сезона е таа во која конечно ќе биде запрена трофејната голгота.

Според пишувањата на англиските медиуми, промените во Арсенал ќе следат во летниот трансфер период во кој се очекуваат најмалку три нови засилувања, но и седум заминувања од Лондон.

Желба на Артета се засилување на голманската позиција, засилување во средниот ред и во нападот, а со таа цел „пикирани“ се голманот на Eспањол, Жоан Гарсија, дефанзивецот од средниот ред Мартин Зубименди и Бенџамин Шешко од Лајпциг и Александер Исак од Њукасл како нови голгетери.

Кога станува збор за заминувања, договорите на Жоржињо, Парти и Тирни нема да бидат продолжени, позајмиците на Стерлинг и Нето ќе завршат, а достапни за трансфер ќе бидат Зинченко и Кивиор.

Се вчитува...