Уругвајскиот интернационалец Лукас Тореира ќе ја напушти Серија А и ќе се пресели во Арсенал. Раководството на „топчиите“ успеа да ги договори условите за отштета со Сампдорија и за 30 милиони евра ќе го купи одличниот играч за врска. Тој беше голема желба и на Наполи, но Карло Анчелоти и челниците на овој клуб очигледно дека задоцнија со реакцијата.
Наполи го планираше Тореира како замена за Жоргињо, кој е пред трансфер во Манчестер сити, но тој ќе заврши на „Емирати“. Се очекува Уругваецот да потпише петгодишен договор со Арсенал во наредните денови.
Покрај Тореира, „топчиите“ веќе го договорија и ангажманот на Папастатопулос од Борусија Дортмунд, чиј трансфер ќе биде официјализиран на почетокот од јули, за сума од 15 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА