Арсенал размислува за проширување на капацитетот на стадионот и засега сè е на самиот почеток што се однесува до планот.
Моменталниот капацитет на „Емирати“ е 60.700 седишта, а плановите за проширување се забрзуваат. Арсенал се надева дека новиот капацитет на „Емирати“ ќе биде над 70.000 седишта, а желбата е Арсенал да го има стадионот во Лондон што може да прими најмногу гледачи, со што би ги надминал Вест Хем и Тотенхем.
Според информациите, „топчиите“ ќе вложат околу пола милион фунти за да се прошири капацитетот на стадионот.
Исто така, се зборува дека Арсенал привремено ќе се пресели на Вембли, исто како што правеше Тотенхем додека не добие нов стадион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

